Шаховски клуб
ЦАРЕВИ КУЛИ

Меѓународен шаховски турнир

Strumica Open„Цареви Кули“ 2026

22–25 октомври 2026

Хотел „Сириус“ · Струмица

112.000 ден.награден фонд
7 колашвајцарски систем
60′ + 30″темпо на игра

Два турнира

Клубот „Цареви Кули“, во соработка со Општина Струмица и Хотел „Сириус“, организира меѓународен турнир со два дела: отворен турнир за возрасни и детски турнир.

Турнир А · FIDE рејтинг до 2200

Отворен турнир за шахисти со FIDE рејтинг до 2200. Се игра по швајцарски систем од 7 кола и се рејтингува. Темпо: 60 минути + 30 секунди по потег. Дозволено доцнење: 15 минути. Во првите четири кола, со претходна најава, играчот може да побара слободно коло и за него добива ½ поен.

Турнир Б · деца до 12 години

За деца родени 2014 година или помлади, со наградување по категории до 8, 10 и 12 години, посебно за момчиња и девојчиња. Истото темпо и истите правила како во Турнир А.

Преземи го целиот распис (PDF)

Награден фонд

Вкупно 112.000 денари. Наградите не се делат — шахист кој освојува повеќе награди ја добива повисоката, а при еднаков износ предност има главната награда.

Турнир А · главни награди

ПласманНаграда
1.25.000 ден.
2.18.000 ден.
3.12.000 ден.
4.8.000 ден.
5.6.000 ден.
6.4.000 ден.
7.3.000 ден.
8.2.000 ден.
Вкупно78.000 ден.

Турнир А · специјални награди

Специјална наградаИзнос
Најдобар шахист од Струмица2.000 ден.
Најдобар шахист од ШК „Цареви Кули“2.000 ден.
Најдобро пласирана шахистка2.000 ден.
Најдобар до 18 години (2008 и помлади)2.000 ден.
Најдобар до 16 години (2010 и помлади)2.000 ден.
Најдобар до 14 години (2012 и помлади)2.000 ден.
Најдобар ветеран над 60 години2.000 ден.
Најдобар со FIDE рејтинг до 20002.000 ден.
Најдобар со FIDE рејтинг до 18002.000 ден.
Најдобар со FIDE рејтинг до 16002.000 ден.
Најдобар без FIDE рејтинг во стандарден шах2.000 ден.
Вкупно22.000 ден.

Турнир Б

ПласманНаграда
1. место5.000 ден.
2. место3.000 ден.
3. место2.000 ден.
Најдобар шахист од Струмица1.000 ден.
Најдобро пласирана шахистка1.000 ден.
Вкупно12.000 ден.

Покрај паричните награди, се доделуваат пехари, медали и дипломи по возрасни категории.

Распоред на игра

ДатумВремеАктивност
22 октомври, четврток15:00–16:30Пријавување и потврда на учество
16:30Свечено отворање
17:001. коло
23 октомври, петок10:002. коло
16:003. коло
24 октомври, сабота10:004. коло
16:005. коло
25 октомври, недела9:306. коло
13:007. коло
16:00Завршна церемонија и доделување награди

Критериуми за пласман

При еднаков број поени се применуваат, по овој редослед: Бухолц -1, Бухолц, меѓусебна средба, прогрес и поголем број победи.

Котизација и сместување

Турнир А: 1.300 денари по учесник. Турнир Б: 1.000 денари по учесник. Котизацијата се плаќа на самото место, при пријавувањето на 22 октомври.

За учесниците и нивните придружници договоривме повластени цени во Хотел „Сириус“, таму каде што се игра турнирот. Означи го полето во пријавата и ќе ти ја испратиме понудата.

Пријава за учество

Пријавите се примаат до 21 октомври 2026. Бројот на учесници е ограничен. По пријавата ќе те контактираме за потврда.

Турнир

Контакт

Звонко Пецев · +389 75 257 068

Катерина Танчева · +389 78 399 046

Зоран Илиќ · +389 75 404 037

facebook.com/carevikuli.chessclub