Шаховски клуб
ЦАРЕВИ КУЛИ

Струмица · основан 2021

Шаховски клуб„Цареви Кули“

Место каде шахот се игра сериозно: турнири, натпревари и силна шаховска школа која создава нови генерации.

Најново

12 јануари 2026

ФМ Андреј Вељаноски победник на меѓународниот Божиќен шаховски турнир

106 шахисти од 6 земји настапија на турнирот во Хотел „Сириус“ во Струмица.

Прочитај повеќе →

За клубот

Клубот е основан во јуни 2021 година, по повеќе од 20 години без организирани шаховски активности во Струмица, со цел повторно активирање на шахот во градот.

Главен фокус на клубот е младинската шаховска школа, која за краток период привлече голем број деца и млади. Работата во школата се реализира по холандската програма Chess Tutor, со редовни анализи на партии и работа на сите нивоа.

Клубот функционира во просториите на гимназијата „Јане Сандански“ и располага со современо опремен простор наменет за тренинзи, учење и натпревари, со сопствен целосно опремен шаховски инвентар.

Преку проектот „Шах во училиштата“, клубот работи на проширување на шахот во образовната средина и негово приближување до младите.

Клубот има околу 30 активни сениори, за кои се организираат турнири, како и учество на турнири во земјата и странство.

Клубот освојува медали и редовно е во борба за највисоките пласмани во повеќе младински категории.

10златни медали
55сребрени медали
77бронзени медали
52членови

Бизнис лига

Ја отвораме вратата за учество на општествено одговорни компании. БИЗНИС ЛИГА е ексклузивна иницијатива за поддршка на шахот и младите генерации.

Вие сте на потег.

Пријави ја твојата компанија

Клуб како никој друг

Членови и партнери:

Шаховска федерација на Македонија European Chess Union FIDE