Создаваме нови генерации
Шаховска школа
Младинската школа е главниот фокус на клубот. Работиме со деца од сите нивоа — од првите правила до настапи на државни и меѓународни турнири.
Како работиме
Работата во школата се реализира по холандската програма Chess Tutor, со редовни анализи на партии и работа на сите нивоа. Децата напредуваат по чекори, а секое ниво има свои задачи, тестови и цели.
Тренинзите се одржуваат во просториите на клубот во гимназијата „Јане Сандански“, во современо опремен простор наменет за тренинзи, учење и натпревари. Клубот има сопствен, целосно опремен шаховски инвентар.
Што добива детето
- Редовни тренинзи во групи според возраст и ниво
- Анализа на одиграни партии со тренер
- Настапи на клупски, државни и меѓународни турнири
- Работа на концентрација, трпение и носење одлуки
Преку проектот „Шах во училиштата“ клубот работи на проширување на шахот во образовната средина и негово приближување до младите.
Закажи пробен час
Остави контакт и ќе те јавиме со термин. Пробниот час е бесплатен и без обврска.